Thursday, October 29, 2009

С О Л Е Н А Т О Р Т А (Бела солена торта)

-3 јајца се матат и се додава 1 лажица зејтин, 1 лажица млеко, 3 лажици брашно, со 1/3 од пециво.
-Ова се пече во округла тепсија број 28.
-(Се прават 3 кори)

Ф И Л
-се сецка шунка, кашкавал, сирење, кисели краставички и се меша со кисела павлака.
-Се мачкаат корите со мајонез и се филуваат првата и втората а од озгора се мачка со :
2 павлаки а може да се украси со рендан кашкавал или друго.

П И Т А С О П Р А З

-700-800 гр. брашно се замесува со млака вода, се става 100 гр. зејтин и 1 лажица сол.
-се дели на два дела а потоа првиот дел се дели на 10 мали топчиња, секое топче се
замесува и се развива помала кора која се мачка со маргарин и така со сите 10 топчиња
при што корите се ставаат една врз друга сите 10 во чинија и се ставаат во фрижидер.
-исто се постапуа и со другиот дел и се става во фрижидер додека се направи филот.

Ф И Л
-се пржи праз со зејтин и кога ќе се олади се додаваат 4 јајца, сирење и малку јогурт или
млеко за филот да биде течен.
-од првиот дел се сучи кора колу плехот и малку да има за виткање. Се попрскува со
зејтин и се става филот.
-се сука и другиот дел во голема кора, се витка со сукалото и се става врз филот збрчкана
-се виткаат витките, се попрскува со зејтин и се пече на 200 околу пола час.

Солена салата(ролат)

1/4 л вода
120 гр зејтин
170 гр брашно
4 јајца
Водата зоврива со зејтинот и се вади од оган
се додава брашнотоа кога ќе се олади се
додаваат едно по едно јајцата
Се става во четвртаст подмачкан плех и се пече
Се вади и веднаш се става на влажна крпа
Фил
300 гр шунка
500 гр сирење
3-4 кисели краставички
ситно сецкан магдонос
1-2 кисели павлакиили крем сирење
Со ова се филува кората,се витка во ролат и
се остава во крпата да постои
Се украсува со мајонез и павлака

Ќофтиња

1/2 кг мелено месо се меша со 1 јајце ,1 лажица брашно
1 рендан морков, 1 лажиче сол и зачини по желба
1/4 чаша вино и се прават ќофтиња кои се редат во подмачкана тепсија
а потоа се пржат.
Уште подобро е ако се стават на плех обложен со хартија за печење и се стават во загреана рерна на 200 степени и се печат околу 40 минути.

Соленки на тост

1 маргарин ( омекнат)
1/4 л зејтин
1/4 л млеко
2 јајца
2 пецива
800 гр брашно
100 гр сусам
100 гр рендан кашкавал
1 лажиче сол
Се меша со дрвена лажица
Се прават топчиња колку орев
се ставаат на тостер и се печат
додека не се зацрвенат

Соленки

1 кг брашно,1 пециво
1 јајце
1 маргарин(или путер)
1 стасан квасец
1 чаша зејтин
1 чаша млеко
1 лажица сол
Се меси, се сучи, се мачка со жолчка
се прска со сусам,се сече на ленти и
се пече во подмачкана тепсија

Палента

Стави прво да зовријат
4 чаши вода во кои се додава малку сол и 1 лажица зејтин
 Потоа додавај постепено 1 чаша пченкарно брашно 
и при тоа мешај додека се згусне т.е 2 минути.
Добро е да се измеша во брашното еден дел гриз,а за да не се згрутчува добро е да се додава брашното малку пред да зоврие водата.

Погачици со сусам

Се замесува
1 кг брашно
2 коцки стасан квасец
600 гр млеко
3 лажици шекер
1 лажица сол
9 лажици зејтин
(кисне пола саат)
Се прави кора (1,5 см дебела)
Се вадат со чаша погачици
Од горе жолчка и сусам
Се печат 25 мин на200 °

Кифлици

Се замесува:
1 кг брашно ,1/2 л млеко (од него пола чаша се затоплува малку да стаса со квасец + 1лажица шекер +1 лажица брашно)
15 лажици зејтин
2 лажици шекер
1 лажица сол
1 јајце
Се остава пола саат да порасне и се размесува
Се прават топчиња кои се расукуваат малку,
им се става фил од сирење помешано со јајце и се виткаат кифли кои се ставаат во подмачкана со зејтин тепсија и се печат 20 мин на 200 степени .
Може од горе да се премачкаат со жолчка,да се попрскаат со сусам и да им се стави малку путер.

Мекици

Се замесуваат
3 цели јајца,1 лажица(супена)ракија,
1 квасец свеж од 40 гр кој се става во млака вода
со малку шекер и брашно и се чека да нарасне
1/2 пециво ,1 кг брашно
1/2 литар млака вода,100гр млеко
1 лажица шекер,1/2 лажица сол
2 пати да се размеси тестото и трет пат кога ќе скисне
се пржат мекици

Колач со праз

Се матат 4 јајца и се додаваат матејќи по овој редослед
1/2 чаша зејтин
1 чаша јогурт
2 чаши брашносо 1 пециво
1 чаша рендано сирење
2 струка сецкан праз

Колач со сирење

Се матат 2 јајца и се додава матејќи 1/2 чаша зејтин
1 чаша јогурт.Се исклучува миксерот и се додаваат
2 чаши брашно измешано со 1 пециво,сирење,а може
и салама по желба.
Се пече во тепсија бр 24, подмачкана со зејтин и
попрскана со брашно