Thursday, March 1, 2018

Кроасани

800 гр брашно,
200 гр јогурт,
200 гр слатко млеко,
2 јајца,
1 шоља (од кафе) зејтин,
1 квасец,
1 лажица сол,
1 маргарин.
Се замесува тесто кое се дели на два дела.Се прават два пати по 8 топчиња.
Се расукуваат корички и се мачкаат со маргарин.
Се редат едно врз друго и се расукува голема кора.
Се сече и се прават кроасани (кифли).
Во нив се става мармелад или еурокрем или сирење.
Се оставаат 2 часа да стасаат.
Се мачкаат со јајце од горе и се печат 20 мин на 180 степени.

ПОГАЧИЦИ

1 кг брашно,
4 јајца,
2 квасца диго во 1/2 кг млако млеко,
2 шољи зејтин,
сол,
маргарин.
Се замесува помеко тесто и се дели на 16 дела.
Се прави круг од 15 см и се премачкува со добро изматен маргарин кој се залепува со друг круг и се влече.
Такви дупли ќе станат 8.
Потоа секој дупли се мачка со маргарин и се залепува со друг дупли круг.
Ќе се добијат 4,потоа2 и на крај 1.
Тој се развлекува дебело колку 5 мм и се сече на квадрати.
На квадратите се става фил (сирење и јајца).
Квадратите се составуваат како триаголник и се ставаат во подмачкан плех за печење или плех обложен со хартија за печење.
Тестото не се кисне.
Ќе има околу 60 парчиња.

Tuesday, January 23, 2018

Солени стапчиња.

Се мати 300 гр свинска маст и се додава 1 цело јајце и една жолчка.Во 250 мл млако млеко се растопува пола пакетче квасец,се додава 1 лажиче шекер , 1 лажиче брашно и се остава да стаса.
Се мешаат состојките ,се додава брашно и се меси тесто ,но да не е многу тврдо.
Се прави четвртаста кора,се премачкува со белка,се става ким и се сече на парчиња и се пече на 180 степени.