Saturday, March 30, 2024

Солени колачи посни

 250 гр маргарин,

200 мл зејтин, 

200 мл вода, 

2 пакетчиња прашок за пециво, 

1-2 лажичиња сол,

100 гр сусам, 

100 гр брашно. 

Се замесува со 1 кг брашно

Се сучи кора и се вадат колачи со модла.

Се печат во тепсија обложена со хартија за печење на 160 степени 15-20 мин.


Thursday, February 15, 2024

Кифлици

 1 кг брашно,

1/2 мл млако млеко (од него малку се става со квасец за да стаса квасецот со 1 лажица шекер и 1 лажица брашно),

15 лажици зејтин, 

2 лажици шекер, 

1 лажица сол и 

едно јајце. 

Се замесува тесто кое се удара ( крени спушти 50 пати). 

Се покрива со чаршав и се остава да надојде додека се удвостручи. 

Се премесува и се вадат парчиња од кои се прават топчиња (околу 50 ќе има) 

Од секое се расукува коричка колку тацна, се става фил (обично сирење помешано со јајца или се премачкуваат со путер) и се завиткуваат кифлици кои се ставаат во

плех обложен со хартија или премачкан со зејтин. 

Се печат околу 23 минути на 200 степени.

 

Солен колач во мал калап

Потребно е:

1 јајце ,

50 мл зејтин,

240 мл кисело млеко,

180 гр бело брашно,

120 гр гриз,

1 пециво,

50 гр шункова салама,

50 гр сирење,

2 кисели краставички и

1 кисела црвена пиперка.

Се мати јајцето со миксер.

Се намалува брзината , се додаваат зејтинот и киселото млеко и малку се мати.

Се додаваат последователно останатите состојки матејќи со маталка.

(може само малку на крај да се мати со миксер)

Од горе по желба може сусам.

Се пече 35-40 мин на 180 степени.

Wednesday, January 17, 2024

Солени топчиња

 1 чаша кисело млеко,

1/2 чаша зејтин,

1 или 2 јајца, 

1 пециво, 

1/2 лажичка сода бикарбона, 

1 лажичка сол,

3 шољи брашно, 

Се прават топчиња. 

Со еден прст стискаш со друг ставаш јајце со сирење. 

Од горе жолчка. 

Saturday, January 6, 2024

Солена торта (бела)

 3 јајца се матат и се додава 1 лажица зејтин, 1 лажица млеко, 3 лажици брашно мешано со 1/3 пециво.

Се прават три кори во округла тепсија бр 28.

Фил:

Се сецка шунка, кашкавал, сирење, кисели краставички и се меша со кисела павлака.

Се мачкаат корите со мајонез и се филуваат прва и втора и од горе со две павлаки, а може и да се украси со рендан кашкавал или друго.