Sunday, November 1, 2009

П А С Р М А Ј Л И Ј А

-1 кг. брашно се меси  со
3/4 л. вода и 1 квасец (стасан со 1 лажица шеќер и 1 лажица брашно и малку млака  вода),
 1 лажица сол,
5 лажици зејтин.
 Сето тоа се меси и дели на 5 дела.
Се тегне со раце или сукало.
Се реди во подмачкани плехови и врз нив се става исецкано месо и сланина (800 гр. свинско месо и 200 гр. сланина).
-Во плехот трба уште еднаш да стаса.
-Се пече на околу 250 степени.
II начин
1 кг брашно
1 јајце
1 шоља( кафена) зејтин
1 стасан квасец
1 лажица сол
млако млеко(може пола млеко пола вода или само млака вода)
Стасува тестото,се размесува и се прават 8 топки.
Секоја кора се расукува или се развлекува
(на краевите се прави витка )
Фил:
800 гр свинско месо се сече на коцки - поситно ,
се посолува, и се става врз пастрмајлиите.
-На секоја се става по 1 лажиче маст и
се печат во подмачкана тепсија.
Кога се до пола печени се вадат ,
им се става по 1 матено јајце и се допекуваат.



Ш А Р Е Н И С О Л Е Н К И

-300 мл. бело вино, 300 мл. зејтин, 2 пецива, брашно по потреба.
-Се замесува тесто се расукува кора околу 0,5 см. дебела, се натапкува со сусам од една страна, се врти од другата страна, се натапкува со мак или буковец, се сечат стапчиња кои може да се виткаат и да се печат во подмачкана тепсија.

П Е К А Р С К И К И Ф Л И

-1 коцка квасец стасува и се става во 100 мл. млака вода и се додава 1 лажица шеќер и 1 лажица брашно. Се остава да нарасне.
-Се додава 400 мл. млеко, 15 лажици зејтин, 1 лажица шеќер, 1 лажица сол, 900 гр. бршно и сето тоа се меси. Стасува тестото и се дели на топчиња кои се расукуваат малку и се виткаат во кифли или се прават други фигури. Се редат во подмачкана тепсија и се премачкуваат со жолчка. Од горе се става малку маргарин.

Гибаница со кисело млеко

500 гр кори за гибаница
3 кисели млека
3 јајца
1 чаша кисела вода
1/2 чаша зејтин
Жолчките се матат со кисело млеко.Се додава зејтин и кисела вода.
Во помала подмачкана тепсија се ставаат 2 кори а преостанатите се потопуваат во филот и се редат.
Гибаницата се прекрива со 2 суви кори кои се прскаат со зејтин и се става во загреана печка на 200 степени а потоа може да се намали.