Thursday, December 24, 2015

ЦАРСКИ КОЛАЧ

4 јајца
2 чаши брашно,
1 чаша масло,
1 прашок за пециво,
1 чаша јогурт
150 гр сирење
150 гр кашкавал
150 гр шункова салама
4-5 краставички- кисели
2-3 црвени кисели пиперки
Се меша и пече на 200 степени околу 30 мин во тава бр 28.

Торта со праз

3 јајца,1 чаша јогурт,1/2 чаша масло,
2,5 чаши брашно,1 прашок за пециво,
1 лажиче сол,1 чаша сирење,
2 струка сецкан праз и 200 гр сецкана салама.
Се пече во подмачкан и набрашнет плех бр 32.

ТОРТА СО СПАНАЌ

4 јајца се матат со малку сол.
Се додава 1 чаша од ( 200 мл) јогурт,
1/2 чаша зејтин,
18 лажици брашно,
1 прашок за пециво,
1/2 кг спанаќ ситно сецкан и
200 гр сирење или урда.
 Се пече на 200 степени  во плех бр 32 подмачкан со масло и попрскан со брашно.