Tuesday, February 9, 2010

Макарони со печурки (буковка)

Една тегла печурки( буковки) се сецкаат и пржат со путер и се додава
бибер ,пипер,лук,магдонос и вегета.
Макароните се варат во солена вода со малку сол и малку зејтин.
Фил:
Се матат 3 јајца и се додава рендан кашкавал и хопла т.е слатка павлака.
Стаклен сад се мачка со маргарин .
Се реди ред макарони ред печурки,малку од филот со кашкавал и
од горе се потура со филот.

Пита со готови кори

1/2 кг кори (има 18 = 6*3)

250-300 мл млеко
200 мл зејтин
100 мл кисела вода
1 прашок за пециво
7 лажици брашно
малку сол.

Се става една кора ,се мачка со четка со течноста.Врз неа се става втората кора која се мачка со течноста ,па се става третата која исто се мачка со течноста.Се става фил од сирење со 3 јајца ( а може и зеље 1 китка во филот ) и се виткаат во ролат кој се става во плех каде ќе се печат кога на овој начин ќе се припремат сите 6 ролати.Се сечат па се премачкуваат со течноста па се печат.Печена се покрива со сува крпа (платнена салфетка)

Филот може да биде од 3 струка запржен праз,на кој кога ќе се олади му се додава 300 гр сирење и 3 матени јајца.
Корите може да се филуваат и со рендана тиква на која и се додава цимет и малку шекер.

II начин за
Прелив за корите:

1,5 квасец со 100 мл млака вода, 1 лажиче шекер да стаса и една лажица брашно
Прелив за корите:
250-300 мл млеко ,квасецот,200 мл зејтин,
7 полни лажици брашно,сол (малку да постои)