Tuesday, February 9, 2010

Пита со готови кори

1/2 кг кори (има 18 = 6*3)

250-300 мл млеко
200 мл зејтин
100 мл кисела вода
1 прашок за пециво
7 лажици брашно
малку сол.

Се става една кора ,се мачка со четка со течноста.Врз неа се става втората кора која се мачка со течноста ,па се става третата која исто се мачка со течноста.Се става фил од сирење со 3 јајца ( а може и зеље 1 китка во филот ) и се виткаат во ролат кој се става во плех каде ќе се печат кога на овој начин ќе се припремат сите 6 ролати.Се сечат па се премачкуваат со течноста па се печат.Печена се покрива со сува крпа (платнена салфетка)

Филот може да биде од 3 струка запржен праз,на кој кога ќе се олади му се додава 300 гр сирење и 3 матени јајца.
Корите може да се филуваат и со рендана тиква на која и се додава цимет и малку шекер.

II начин за
Прелив за корите:

1,5 квасец со 100 мл млака вода, 1 лажиче шекер да стаса и една лажица брашно
Прелив за корите:
250-300 мл млеко ,квасецот,200 мл зејтин,
7 полни лажици брашно,сол (малку да постои)




No comments:

Post a Comment