Monday, January 18, 2010

Лепчиња со наут

1 квасец
10 гр мед или шекер,
200 ml млака вода,
330 гр брашно
10 гр сол ,
1 лажица мелен ким
1 лажица толчен коријандер,
150 гр наут (отстоен во вода преку ноќ,варен и мелен)

Sunday, January 17, 2010

П Р О Ј А

-3 шољи од кафе пченкарно брашно,
-3 шољи обично брашно,
-1 пециво,
-1,5 шоља зејтин,
-2 шољи јогурт,
-100 гр. сирење. 

II начин- подобар

4 јајца (посебно белки се матат)
1/2 чаша(од јогурт) зејтин , 
1 чаша (и нешто +) кисело млеко или јогурт,
1 чаша бело брашно,
1 чаша пченкарно брашно,
1 пециво,
сирење,блитва или спанаќ.
Печи во бр 28 на хартија за печење.

Погача (посна)

1кг брашно
2 квасца стасани
600 ml млеко ( за посна вода место млеко)
3 лажици шекер
1 лажица сол
9 лажици зејтин
сусам

Се замесува тесто кое кисне 45 мин.
Се расукува во круг (може 2 помали погачи).
Се премачкува со зејтин и прска со сусам.
Повторно кисне да нарасне малку.
Се пече во подмачкана тепсија околу 30 мин.

Saturday, January 16, 2010

Погача

1 свеж квасец стасува со 1 чашка млака вода ,1 лажица шекер и 1 лажица брашно
1 кг брашно,2 јајца,1 белка,
1 лажичка сол,1/2 l млако млеко,
(1 путер за мачкање)

Се меси меко тесто (без путерот).
Се одвојува 1 топче за во средина.
Се прават 5 кори и секоја се мачка со путер (или маргарин).
Се ставаат 1 врз друга и се прави голема кора која се дели на 8 дела.
Се прават кифли со мешавина од сирење и јајца.
Секоја кифла се дели на 2 дела и се редат со врвот на кај средината кај топчето.
Се пече во тенџере од 5 литри подмачкано само со зејтин.
(Кога ќе се замеси не кисне туку поткиснува кога е готова).
Се премачкува со жолчка и се пече.