Sunday, December 13, 2009

Ролат - сечен

800 гр брашно, 1 лажица сол
400 ml млеко,2 кафени филџани зејтин,
1 стасан квасец
(претходно ставен во млака вода + 1 лажица брашно + 1 лажица шекер)

Се замесува ,кисне,па се размесува и се сукаат 2 кори кои се мачкаат
со фил од:
200 гр сирење + 200 гр салама +4 кисели краставички +2 белки.
Се виткаат ролати и се сечат.
Се вртат со сеченото нагоре и се редат во тепсија обложена со хатрија за печење,или во подмачкана тепсија.
Над секое парче се става маргарин.
Се печат на 190 степени 25 мин.
(2 кори околу 40 парчиња)

Saturday, December 5, 2009

Крекери

1 кг брашно
250 гр свинска маст
200 мл вода
200 мл зејтин
2 пецива
2 лажички(за кафе) сол

Се расукува кора од 0,5 см
Се сечат со модла (или чаша за ракија)
се брцаат во матена белка па во сусам и се редат за печење(180)
Може цела кора да се попрска со ким и
да се сечат стапчиња и да се увртат како спирала