Sunday, November 1, 2009

П А С Р М А Ј Л И Ј А

-1 кг. брашно се меси  со
3/4 л. вода и 1 квасец (стасан со 1 лажица шеќер и 1 лажица брашно и малку млака  вода),
 1 лажица сол,
5 лажици зејтин.
 Сето тоа се меси и дели на 5 дела.
Се тегне со раце или сукало.
Се реди во подмачкани плехови и врз нив се става исецкано месо и сланина (800 гр. свинско месо и 200 гр. сланина).
-Во плехот трба уште еднаш да стаса.
-Се пече на околу 250 степени.
II начин
1 кг брашно
1 јајце
1 шоља( кафена) зејтин
1 стасан квасец
1 лажица сол
млако млеко(може пола млеко пола вода или само млака вода)
Стасува тестото,се размесува и се прават 8 топки.
Секоја кора се расукува или се развлекува
(на краевите се прави витка )
Фил:
800 гр свинско месо се сече на коцки - поситно ,
се посолува, и се става врз пастрмајлиите.
-На секоја се става по 1 лажиче маст и
се печат во подмачкана тепсија.
Кога се до пола печени се вадат ,
им се става по 1 матено јајце и се допекуваат.



No comments:

Post a Comment