Saturday, January 6, 2024

Солена торта (бела)

 3 јајца се матат и се додава 1 лажица зејтин, 1 лажица млеко, 3 лажици брашно мешано со 1/3 пециво.

Се прават три кори во округла тепсија бр 28.

Фил:

Се сецка шунка, кашкавал, сирење, кисели краставички и се меша со кисела павлака.

Се мачкаат корите со мајонез и се филуваат прва и втора и од горе со две павлаки, а може и да се украси со рендан кашкавал или друго. 

No comments:

Post a Comment